ГОБ „8 Септември“ демантира дека постои листа на чекање за итни хирушки интервенции

од Aleksandar Petrovski

Во врска со информациите во одредени медиуми, ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје најостро демантира дека постои листа на чекање за итни хируршки интервенции.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е Covid болница со одлука на Министерството за здравство и остануваме посветени на лекувањето на нашите граѓани.

Сите наши пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции се известени дека во моментот ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје не е во можност да работи во претходни услови (Мој термин).

На нашите пациенти им благодариме на разбирањето и поддршката која ни ја даваат (од Менаџментот на болницата), се вели во соопштението на ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

Слични содржини