Гоце Делчев бил против „рускиот тиран“ и мешање на Русија во Македонија

од Nikola Popovski

Во едно писмо пишувано во Штип, до Ефрем Каранов во 1895 година, апостолот на македонското дело Гоце Делчев зборува против проруските агитатори кои сакале да кренат предвремено востание во Македонија. Еве како агитирал Чакаров во офицерска униформа, како што го цитира Делчев:

“Ќе кренам внатрешно востание, па штом ќе се развее знамето, Русија, о славна Русија, во истиот миг ќе навлезе во Македонија и ете ти, ние сме ослободени “(?? !!). Така ли мисли тој, така ли мислите и Вие, па најпосле така ли треба да се воспитуваат востаниците? Ако им давате такви голи надежи на востаниците, знајте дека и најпрвиот херој во извесни моменти ќе дојде до најголемо разочарување. Не, така со ништо не помагаат лагите, особено оваа. Трудете се да се искорени оваа слабост (очекуваната помош од рускиот тиран) и од најзаблудениот страшливец, па наместо неа нека се оживее непобедлива сила на самоувереност и решителност и тогаш, верувајте, секој еден ќе се бори докрај со најголема суровост.“

Гоце Делчев не само што пишувал против „рускиот тиран“, туку отворено се спротиставувал на проруските агитатори кои неосновано ветувале воено ослободување на Македонија од страна на Русија, по кревање на востанието.

Гоце Делчев уште во 1895 година бил визионер, и испаднал во право.

Русија правела се што е во нејзина моќ за да спречи внатрешно востание во Македонија, а откако било кренато, за да го задуши.

Академик Владо Поповски, повикувајќи се на руски официјални извори, укажува дека „Во текот на самото Илинденско востание, во екот на турските безобѕирни рушења и уништувања на македонските села и на неборбеното население во нив, министерот за надворешни работи, грофот Ламздорф, ги повикал руските конзули на теренот да се обратат до постраданото и загрозено македонско население и да му ветат руска заштита доколку се откаже од комитетите и од водачите на востанието и доколку ги предаде на турските власти, инсистирајќи на тоа тие бргу, решително и ефикасно да го задушат востанието“.

Слични содржини