„Годинава многу маси ќе имаат празно место“: Порака од Бајден за Денот на благодарноста

од Stefanija Kuzmanovska

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил Бајден, во честитките за Денот на благодарноста, укажаа на загубите што ги претрпеа многу граѓани поради пандемијата на коронавирус.

„Оваа година многу маси низ целата земја ќе имаат празно место. Сепак, како и вашето, и нашето семејство ќе се држи до најважните традиции и ќе одвои еден момент да се потсети на сè за што е благодарно“, наведоа во едиторијалот објавен за американскиот Си-Ен-Ен.

Денот на благодарноста годинава се одбележува во САД во околности во кои вкупно 12.780.000 луѓе биле дијагностицирани со ковид-19 во четвртокот, додека 262.000 луѓе починале од последиците на болеста, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

И покрај предупредувањата од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), милиони граѓани патуваат низ целата земја со намера да ги посетат семејствата за време на празниците. Експертите очекуваат дека ова ќе влијае на уште позначајното ширење на вирусот.

Слични содржини