Годинава од рак се очекува да умрат повеќе од 9 милиони луѓе

од desk2

Истражувачите на Светската здравствена организација (СЗО) проценуваат дека оваа година од рак ќе заболат 18 милиони луѓе и дека од оваа болест годинава ќе починат повеќе од 9 милиони луѓе.

Меѓународната агенција за истражување соопшти дека во најголем број ќе починат заболени од рак на белите дробови, па од рак на дојка и од рак на дебелото црево.

Проценката на оваа агенција е базирана на податоци од 185 земји во светот според кои еден од пет мажи и една од шест жени во текот на животот заболуваат од рак.

Според истите податоци, повеќе од половина од смртните исходи од рак се во Азија, каде живеат околу 60 отсто од светската машка популација.

Слични содржини