Годишен хороскоп за ВОДОЛИЈА: Ќе си простите себе за сите грешки од минатото

од Elena Daskalova

Во 2020 година Водолиите ќе најдат сила да си простат самите себе за погрешните одлуки што ги носеле во минатото, а скапо ги чинеле.

Ќе ви биде многу тешко, бидејќи вообичаено не сте самокритична личност, но тоа ќе ви помогне да имате повеќе љубов и разбирање за самите себе. Ќе исправите многу свои грешки и благодарение на тоа ќе постигнете резултати кои одамна ги посакувате.

Ќе се почувствувате многу слободно, а ниту една пречка нема да ве запре во реализацијата на своите цели. Може да се случи да обновите контакт со личности од кои се оддалечивте претходно. Ќе промените и многу лични верувања и конечно ќе ги проширите своите граници и видици, а ќе преземате и ризици кои ќе сфатите дека всушност и не биле толку страшни колку што изгледале.

Работа

Во 2020 ќе бидете работник за пример пред целиот колегиум. Нема да ви биде тешко ниту да дојдете порано на работа, ниту да останете прекувремено, ако тоа е потребно. Вашиот труд ќе резултира со финансиска добивка, но и со стручна надоградба која ќе ви ја организира самата компанија во која работите.

Ако сте невработени, ќе има краток период во кој ќе бидете разочарани затоа што ниедно интервју не помина добро. Но, на сметка на тоа, ќе можете да работите на хонорарни проекти кои ќе ви донесат солидна заработувачка.

Ако студирате, ќе имате многу обврски кои ќе мора да ги завршите за кратко време. Не избрзувајте, туку паметно одредете ги приоритетите и резултатите нема да изостанат.

Љубов

Може да се случи да обновите врска со личност поради која сте страдале во минатото, а уште не сте ја преболеле. Но, претходното искуство ве научи дека треба да бидете повоздржани, па затоа и не треба веднаш да откривате како се чувствувате. Ако сакате овојпат врската да успее, морате и вие и вашиот партнер да имате послободна и посериозна комуникација, како и да се ослободите од стравот да бидете повторно повредени.

Ако сте во врска, ќе сакате секој миг да го поминувате со партнерот. Можно е да заминете на патување на кое подобро ќе се запознаете. Ова патување ќе биде знак дали е време да почнете со заеднички живот или пак, тој чекор да го одложите за некоја година подоцна.

Ако сте во брак, чувајте се од афери, бидејќи многу лесно ќе паѓате во искушенија. Со тек на време ќе сфатите дека таквото однесување не вреди за ризикот.

Пари

Оваа година ќе можете да си ги дозволите повеќето нешта кои ги посакувате. Во средината на годината ќе имате непланирани трошоци, после кои ќе ви биде потребно време за да закрепнете, но ќе ви помогнат блиските луѓе. Кон крајот на годината ќе добиете поголем прилив на пари и ќе сакате да ги вложите во нешто што ви е вам важно.

Здравје

На самиот почеток на годината ќе бидете полни со енергија и многу ќе ви се работи. Но, кога ќе почнете претерано да се заморувате, ќе забележите и пад на имунитетот. Снабдете се со доволно витамини и здрави намирници. До крајот на годината нема да имате никакви посериозни здравствени проблеми, но само доколку се држите до здравиот животен стил.

Слични содржини