Годишен извештај на ОН: Вложени значителни напори за унапредување на родовата еднаквост во С.Македонија

од Берта Китинска

Усвојувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) беше клучно достигнување на национално ниво, проследено со воспоставување на клучни институционални структури, вклучително и три центри за упатување жртви на сексуално насилство во болниците во Тетово, Скопје и Куманово, се вели во Годишниот извештај за резултатите на Обединетите нации во Северна Македонија во 2020.

ОН вложија значителни напори за унапредување на родовата еднаквост и за јакнење на националните капацитети во разни поврзани области. Тука спаѓа и помошта за подготовка на Законот за спречување и заштита од дискриминација и формирање на Национално координативно тело во согласност со меѓународните стандарди за човекови права; поддршка за Националниот акциски план за родова еднаквост (2018-2020) и Националната стратегија и акциски план за борба против трговија со луѓе и нелегалните миграции (2017-2020).

Капацитетите на над 6.000 државни службеници за вклучување на родовите аспекти и родово буџетирање беа подобрени преку курсеви спроведени во рамки на системот за управување со учење и други интервенции. За првпат, родово специфични одредби беа вклучени во Методологијата за стратешко планирање на Владата и беа забележани видливи резултати на планот на вработување на жените,стои во извештајот.

Слични содржини