Ѓоковиќ даде изјава која ќе одекне во Хрватска

од Aleksandar Petrovski

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се осврна на можноста Горан Иванишевиќ, кој моментно е еден од неговите тренери да ја преземе хрватската Дејвис куп репрезентација.

Хрватите изгубија два меча со 0:3 и освоија само еден сет во шест дуели на завршницата на Дејвис купот во Мадрид.

Играчите ги предводеше привремениот тренер Франко Шкугор, но сојузот сега ќе мора да најде трајно решение откако пред настапот во Мадрид неочекувано беше сменет Жељко Крајан.

Се споменува името на Горан Иванишевиќ, кого сите би го посакувале на чело на хрватската репрезентација.
Хрватските новинари во Мадрид го прашаа Ѓоковиќ дали ангажманот на Иванишевиќ е во спротивност со неговата програма.

„Секако се треба да се види, но начелно немам ништо против и сосем природно е Горан да биде селектор на Хрватска. На кратко, јас би го поддржал“, изјави Ѓоковиќ.

Слични содржини