Ѓоковиќ ги откри еден од неговите најголеми соништа и трикот за подобра игра (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во интересно интервју со едно српско момче, Андрија Михајловиќ, светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри еден од неговите најголеми соништа.

Момчето го интервјуираше Новак за официјалната веб-страница на Австралија опен, откако се фотографирањето со пехарот на плажа.

На Новак му се допадна што за момент се врати во детството разговарајќи со Андрија, кому му опиша што го инспирира и кои спортови ги сака.

„Имам две прекрасни деца, Стефан, кој има шест години, Тара има три. Поголемиот дел од времето го поминувам со нив. Сакам други спортови, многу време поминав како дете во планина, многу скијав. Прекрасен спорт е, убаво е чувството да се спуштате по планина, можеби тоа ми е омилениот спорт после тенис. Потоа следуваат сите спортови со топка, фудбалот, кошарката, ракометот… Го сакам и голфот“, рече Ѓоковиќ.

Тој исто така го откри својот мал трик за подобра игра.

„Се фокусирам на дишењето. Дишеме постојано, но никогаш не размислуваме за тоа. Кога ќе почнете да размислувате за тоа и да се фокусирате, тогаш можете да го подобрите вашето функционирање и тоа е еден од најлесните трикови на кои треба да се фокусирате“, рече Новак, кој немаше дилема на прашањето кого од познатите личности би сакал да го однесе на вечера.

„Мајкл Џордан“, одговори Новак, кој претходно на прес-конференција во Мелбурн изјави дека сонува да се сретне со кошаркарската легенда.

Слични содржини