ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ, ПА ПРИЗНА: Скинав мускул во Мелбурн

од Stefanija Kuzmanovska

Тенисерот Новак Ѓоковиќ го освои деветтиот трофеј во Мелбурн, 18-та грен слем титула во неговата кариера, откако во финалето го победи Данило Медведев од Русија со 7: 5, 6: 2, 6: 2.

Првиот тенисер на светот искинал мускул на мечот од третото коло против Тејлор Фриц од САД.

„Веднаш почувствував дека ми пукна стомачен мускул. После натпреварот реков дека претпоставувам дека е тоа, но почувствував дека е искинат. Имаше шпекулации, се прашуваа како толку брзо се опоравив, дека тоа е невозможно. Ги разбирам, секој има право на свое мислење, но тоа не е фер. Но, тоа не е ниту прв, ниту последен пат. Не дозволив тоа да влијае на мојата игра, го освоив трофејот како одговор на сето тоа“, рече Ѓоковиќ.

„Не беше оптимистично дека ќе играм во осминафиналето, два часа пред натпреварот не знаев дали ќе играм. Болката беше поднослива и прифатив дека морам да играм со неа. Благодарен сум на медицинскиот тим “, додаде првиот рекет во светот.

Ѓоковиќ рече дека сè уште не одлучил на кои турнири ќе игра во оваа сезона.

Слични содржини