Актуелно
Почетна / Спорт / Ѓоковиќ го откри најисцрпувачкиот меч во својата кариера: „Лудо е“ (ВИДЕО)

Ѓоковиќ го откри најисцрпувачкиот меч во својата кариера: „Лудо е“ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ разговараше со Васек Поспишил и Гарбине Мугуруса во подкастот „Tennis united“.

Тројцата разговараа за различни теми, а една од нив беше најисцрпувачкиот натпревар во кариерата, оној кој најмногу ги „исцедил“.

Српскиот тенисер одигра многу дуели кои траеја по пет / шест часа, а во разговор со Канаѓанецот и Шпанката го откри оној што останал во негово сеќавање најмногу.

„Финалето на Австралија опен во 2012 година против Рафа. Игравме пет часа и 53 минути“, рече Ѓоковиќ.

„О Боже мој“, рече Поспишил во позадина.

„Тешко дека некогаш ќе одиграм ваков натпревар повторно во мојата кариера“, истакна најдобриот тенисер на светот.

„За мене, пет минути и 53 секунди е предолго против вас (големи три)“, се пошегува Канаѓанецот.

„Лудо е“, кратко додаде Новак.

Ѓоковиќ и Надал одиграа епски дуел во кој Србинот славеше со резултат – 5:7, 6: 4, 6:2, 6:7 (5), 7:5.

loading...