Ѓоковиќ го „подели“ американскиот Конгрес, упатени тешки навреди кон демократите и Бајден

од Nikola Popovski

Американската конгресменка Клаудија Тени вели дека е нелогично Новак Ѓоковиќ да не смее да игра на УС Опен.

Њујоркчанката од редовите на републиканците ги критикува противниците од таборот на демократите, нарекувајќи ги лицемери.

„Демократите бараат телесна автономија во Конгресот, а потоа тоа му го негираат на Новак Ѓоковиќ, елитен спортист, кој мора да одржува совршено здравје за да може да настапи на највисоко ниво. Толку од нивниот борбен крик „моето тело, мојот избор“, напиша Тени.

Ѓоковиќ пред две недели го освои Вимблдон, седми трофеј во Лондон, вкупно 21. на гре слемовите, но не е сигурно дали ќе може да игра во Њујорк на УС Опен на крајот на август.

Таму го брани финалето од лани и доколку не успее ќе загуби многу бодови и дополнително ќе падне на АТП листата.

Инаку, организаторите на УС Опен веќе се оградија, тврдејќи дека нема да бараат медицинско ослободување, кога тенисерот веќе не сака да се вакцинира против коронавирусот.

Ѓоковиќ неодамна го повтори ставот дека нема да оди во Америка доколку не добие дозвола, бидејќи на странците не им е дозволен влез без потврда за вакцинација.

„Ова е целосно одвратно. Новак е најдобриот тенисер во светот кој игра на ултра-елитно ниво и не може да настапи на врвниот спортски настан во Америка поради политика“, изјави Тени.

Со тоа таа одговори на повикот на водителката Рејчел Кампос-Дафи за актуелниот режим во САД.

„Ова е најглупавата работа досега. Нека некој го разбуди заспаниот Џо од дремат и му каже дека пандемијата е завршена? Нашата влада продолжува да работи за голема фармацевтски куќи?“, праша Тени.

Инаку, претходните недели имаше неколку такви тврдења, па дури беше започната и петиција за српскиот тенисер, потпишана од илјадници луѓе во САД, со цел да му се дозволи да игра.

Слични содржини