Ѓоковиќ го загуби случајот пред судот во Австралија, нема да ја брани титулата во Мелбурн

од Vladimir Zorba

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија, а одлуката на тричлениот совет беше едногласна, објавено е утрово нешто пред осум часот по средноевропско време.

Така, Ѓоковиќ беше спречен да ја одбрани титулата на првиот Гренд слем турнир во сезоната и ќе биде депортиран од Австралија.

Дополнително, се наведува дека треба да плати и судски трошоци и отштета во износ од 500.000 долари. Ќе добие и тригодишна забрана за влез во Австралија, но постои можност за тоа да добие и ослободување.

Писмените причини ќе бидат објавени во наредните денови.

Слични содржини