Србинот Новак Ѓоковиќ и Романката Симона Халеп се прогласени за најдобри тенисери во 2018 година, според изборот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Ѓоковиќ ова признание го добива по шести пат во својата кариера. Годинава тој се врати на терените по операцијата и успеа да освои две Гренд слем титули и да се врати на врвот на АТП листата.
Српскиот тенисер по број на признанијата тенисер на годината се изедначи со Пит Сампрас.
– Јас сум почестен што повторно ја освоив титулата светски шампион на ИТФ. Особено сум горд на ова достигнување, по се што поминав оваа година, но дел од мене секогаш веруваше дека можам да се вратам на врвот. Големо задоволство е дека се приклучив на Пит Сампрас со освојување на оваа, моја шеста награда, изјави Ѓоковиќ.
Халеп годинава го освои Гренд слемот во Роланд Гарос и играше во финалето на Аустралиан Опен. Таа годинава мина 40 недели на првото место на ВТА листата.

Слични содржини