„Ѓоковиќ мислеше дека е поголем од Австралија опен“

од Nikola Popovski

Даниел Ендрјуз, премиерот на државата Викторија изјави дека е голем успех што Австралија опен се одржа и без најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

„Рафа (Надал) беше во право. Се можеше да се избегне ако се вакцинираше Ѓоковиќ, тој човек мислеше дека е поголем од турнирот. Па, не е. Затоа турнирот се игра без него. И тоа е голем успех“, изјавил Ендрјуз, пренесуваат австралиските медиуми.

Овие зборови на првиот човек на Викторија, чиј град е Мелбурн, каде што се одржува Австралија опен, дојдоа само неколку часа по изјавата на Крег Тејли, првиот човек на „Ози опен“.

„Да, тој ќе може да игра. Секако, прво треба да помине оваа година, но тој ќе одлучи дали ќе игра. На крајот на краиштата, тој е прв тенисер во светот и навистина го сака Австралија опен“, истакна Тајли.

Од тимот на Новак Ѓоковиќ најавија дека за време на турнирот тенисерот нема да дава никаква изјава, па сите со нетрпение ја очекуваат неговата страна од приказната.

Слични содржини