Ѓоковиќ, Надал и Федерер го потврдија својот настап во Мадрид

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку повторно нема откажувања во последен момент, Мастерсот во Мадрид ќе собере три тениски суперsвезди, првпат по Мелбурн во 2019 година.

Организаторите на турнирот денеска објавија дека Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер го потврдиле учеството.

Така беше и минатиот месец, пред Мајами, па на крајот сите се откажаа.

Турнирот во Мадрид започнува на 27 април и трае до 9 мај.

Титулата од 2019 година ја брани Ѓоковиќ. Турнирот не се одржа минатата година.

На турнирот треба да учествуваат и Данил Медведев, Доминик Тим, Александар Зверев и Стефанос Циципас.

Слични содржини