Ѓоковиќ: Не можам да одам во Америка

од Vladimir Zorba

По враќањето на теренот и првиот меч одигран во 2022 година, Новак Ѓоковиќ зборуваше на различни теми.

Едно од прашањата на прес-конференцијата беше за продолжението на сезоната.

После Дубаи ќе има американска турнеја, односно Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, а како што сега стојат работите, Ѓоковиќ нема да го гледаме бидејќи не е вакциниран.

– Не можам да одам, не можам да одам во Америка. Од денес не можам да играм. Но, да видиме што ќе се случи. Можеби некои работи ќе се променат во наредните недели, изјави Србинот.

Слични содржини