Ѓоковиќ: Не се вакцинирам, тоа е како да давам автономија на некој друг

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ зборуваше за „Екип“ каде го повтори ставот за вакцинацијата и истакна дека врз основа на сите информации одлучил да не се вакцинира.

Вели дека информациите се менуваат и дека не знае дали ќе му се смени ставот, бидејќи се брзо се менува, што се гледа и од одлуките на некои влади.

– Врз основа на сите информации за вакцината, решив да не се вакцинирам. Ова е мојот став. Дали ова ќе се промени или ќе помине? Не знам, се се менува доста брзо, тоа го гледаме во одлуките на некои влади. Во моментов не чувствувам потреба да го заштитам своето тело и не чувствувам дека сум закана за другите. Без разлика дали сте вакцинирани или не, сепак можете да го пренесете вирусот. Ова е мојот став и, следствено, мојот ум е целосно отворен. Се е можно – изјави Србинот.

Новак нагласува дека не му се допаѓаат тие што наметнуваат било што, дека ги слушал мислењата на лекарите специјалисти од Србија, Франција, Швајцарија, САД… и дека донел одлука врз основа на сите информации и дека сака да биде единствениот сопственик на неговото тело.

– Ништо не тврдам, не сум доктор, стручњак. Не ги сакам тие што наметнуваат. Да, имам отворен ум, но морам и да го зачувам мојот интегритет и мојата автономија. Затоа што никој на оваа земја не го познава телото подобро од мене. Сакам да бидам единствениот сопственик на моето тело. Ако немам доволно разбирање за моето тело, тоа е како да давам автономија на некој друг, посочува светскиот бр.1 и продолжува:

„Понекогаш се вели дека сум подложен на одредени влијанија. Не. Како и сите, така и јас се консултирам со доктори по традиционална медицина. Многу. Специјалисти по пулмологија, имунологија, во Србија, Франција, Швајцарија, САД… Ги слушам и врз основа на сознанијата за моето тело правам мои анализи и одлучувам“.

Слични содржини