Ѓоковиќ нема да игра во Индијан Велс и Мајами

од Vladimir Zorba

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс, но и на турнирот во Мајами, бидејќи не добил дозвола за влез во САД откако не е вакциниран, пренесува Танјуг.

Ѓоковиќ се пријави за Мастерсот во Калифорнија, кој го освои пет пати во текот на неговата кариера, беше на ждрепката, но Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) одбија да му издадат дозвола за влез во земјата.

Поради тоа дојде до поместување на ждрепката, па Григор Димитров „падна“ меѓу носителите, а испразнетото место ќе го пополни „среќниот губитник“ од квалификациите.

Мастерсот во Индијан Велс се игра од 10 до 20 март, а наградниот фонд е 8,5 милиони долари.

Самиот Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и потврди дека нема да игра ниту во Мајами. Тој призна дека знаел дека имало „мала веројатност да патува“.

„ЦДЦ потврдија дека прописите нема да се променат, па затоа нема да можам да играм во САД. Среќно за оние кои играат на овие големи турнири“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Слични содржини