ЃОКОВИЌ НЕМА ДА ИГРА ВО МАЈАМИ: Новак се враќа на теренот дури во Монте Карло

од Stefanija Kuzmanovska

Повредата на абдоминалниот мускул која го мачеше Новак Ѓоковиќ за време на Австралија опен остави повеќе последици отколку што првично се мислеше, а на тенисерот му треба повеќе време за тренинг.

Поради тоа, светскиот рекет број еден реши да го прескокне турнирот во Мајами (од 24 март),на кој сакаше да игра. Според новиот план, тој ќе се врати на теренот во Монте Карло.

Така, Новак им се придружи на асови како Надал и Тим, кои се откажаа од патувањето на Мастерсот во Серија 1000 во Флорида. Што се однесува до Ѓоковиќ, тој беше елиминиран во четвртото коло од Роберт Баутиста Агут во Мајами во 2019 година, така што не постои страв од губење на повеќе поени.

Кога станува збор за продолжението на сезоната, Новак ќе ја започне сезоната на теренот во неговата „втора татковина“, Монте Карло (од 4 април). Следуваат Белград и Србија опен, додека во мај, Мадрид и Рим треба да бидат увертира на Ролан Гарос (од 23 мај до 6 јуни) и напад на 19-та титула на грен слем турнири.

Слични содржини