Ѓоковиќ од друг агол: Српскиот тенисер зборувал за лошите навики и што е тоа без кое не може да живее (видео)

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ беше главна тема во спортските медиуми претходните денови, поради дисквалификацијата од УС Опен, а поради и неговото враќање на терените во Рим. Помеѓу двата настани, српскиот тенисер гостувал во краткото шоу „Без маска“.

Една од првите работи што ги открил Новак е дека апликацијата „без која тој не може да живее“ е Инстаграм.

„Постојат неколку апликации што ми се допаѓаат, меѓу нив и Инстаграм што навистина ми се допаѓа. Сепак, апликацијата не предизвикува толку голема зависност, па да не би можел да живеам без неа“.

На прашањето дали има песна што му дава задоволство, но се срами поради неа, Србинот изјавил дека нема такво нешто. Продуцентот праша дали е тоа Кети Пери, Ѓоковиќ изјавил не станува збор за неа и дека е горд на неговиот музички вкус.

„Песната што ја бирам на караоке е „Easy Lover“од Фил Колинс“, рекол Ноле.

Тенисерот открил дека неговата најлоша навика е доцнењето.

„Работам на подобрување. Јас сум во процес околу 15 години, но потребно е време за такво нешто“, признал Ѓоковиќ.

Српскиот ас открил и дека бил фасциниран од средбата со Роберт Де Ниро и дека ананасот на пица во никој случај не е паметна идеја, пренесуваат српските медиуми.

Слични содржини