Ѓоковиќ остана без важен спонзор

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ ја заврши соработката со „Пежо“, францускиот автомобилски гигант, објавија српските медиуми.

Имено, по целата афера кога беше депортиран од Австралија, францускиот производител на автомобили „Пежо“ најпрвин изјави дека стојат до Новак. Претходно анонимен извор изјави за Ројтерс дека би бил горд да го гледа Новак како го носи нивното лого на неговата маица на турнирот во Дубаи.

Сепак, „Пежо“ нема намера да ја продолжи соработката со Новак, иако францускиот гигант е еден од главните спонзори на Ѓоковиќ од 2014 година.

Од круговите блиски до Ѓоковиќ соопштиле дека „Пежо“ го доживува Ѓоковиќ како дополнителен товар за буџетот поради тешките деловни услови, па случајот „Мелбурн“ бил „добредојден“ за да се повлечат.

Оваа информација прв ја објави шпански „Ел Еспањол“ кој тврди дека присуствувал на состанок на кој пред медиумите се обратил Карлос Таварес, директорот на „Стелантис груп“, кој најавил дека Пежо ќе престане да го спонзорира тенисерот.

Слични содржини