Ѓоковиќ останува без 40 милиони евра?

од Nikola Popovski

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија може сериозно да се одрази на бројните спонзорства на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ долго време го брендира Лакост, а тоа е неговиот најисплатлив маркетиншки договор, кој неодамна беше обновен.

По се што се случи во Мелбурн, компанијата најави дека ќе разговара со српскиот тенисер.

„Што е можно поскоро, ќе го контактираме Новак за да ги разгледаме настаните што го придружуваа неговото присуство во Австралија“, соопштила компанијата „Лакост“, а пренесува Бен Ротенберг.

Лакост му носи на Ѓоковиќ сериозна сума на годишно ниво, а во 2021 година од спонзори инкасирал близу 30 милиони долари, според информациите на Форбс.

Во август 2021 година, тој го обнови договорот со Лакост, компанија која застана до него во 2017 година, кога имаше голем пад во кариерата. Се беше надоместено по операцијата на лактот, Ѓоковиќ влезе во најдобриот период во кариерата и ја освои 20. Грен слем титула, па беше потпишан нов договор до 2025 година.

Според светските медиуми, Ѓоковиќ дотогаш би инкасирал уште 40 милиони евра, но останува прашањето како ќе биде поставен Лакост по депортацијата и судењето во Австралија.

 

Слични содржини