Ѓоковиќ останува во карантин, конечната одлука во понеделник!

од Nikola Popovski

Дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да влезе во Австралија и да учествува на првиот Грен слем сезонава, ќе се знае дури во понеделник.

Според последните информации, конечната одлука ќе биде донесена во понеделник во 10 часот по локално време, односно околу полноќ по средноевропско време.

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Керен Ендрјус нема да се спротивстави на привремената забрана за депортација, а Новак треба да дознае за пресудата во Австралија. Дотогаш ќе биде во карантин цело време.

Светскиот рекет број 1 во моментов ќе биде изведен пред Федералниот суд во Австралија, бидејќи неговиот тим од адвокати поднеле жалба на одлуката за забрана за влез во таа земја.

Како што претходно објавија странските медиуми, случајот требаше да се најде пред судијата во четврток во 18 часот по локално време.

По одлуката да му се забрани влез во Австралија, Ѓоковиќ останал во хотел и го чека исходот од ситуацијата.

Навивачи се собраа пред неговиот хотел да му дадат поддршка и му порачаа дека не е сам во оваа борба.

Слични содржини