Ѓоковиќ откри што го повредило во Австралија: Се чувствував беспомошно

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ во ексклузивното интервју за британската Би-Би-Си откри што најмногу го повредило во Австралија, но и како изгледал престојот во хотелот „Парк“ во Мелбурн, кој го нарекуваат затвор.

По речиси еден месец молк, првиот светски рекет во моментов реши да проговори за некои детали од неговиот последен престој во Австралија.

Тој објасни како изгледа да се биде затворен во хотел кој многумина го нарекуваат затвор и каде луѓето се затворени девет години.

-Дефинитивно не беше пријатно. Не сакам да седам овде и да се жалам на условите во тој центар бидејќи останав седум дена. Се чувствував беспомошно, не можев да го користам телефонот три-четири часа. Беше во сред ноќ од еден до девет часот наутро, не спиев затоа што ме испрашуваа на секои 30 секунди. Имаше многу, многу интервјуа кои почнаа, а потоа беа стопирани, како личноста што ме испрашуваше мораше да разговара со претпоставениот. Тоа траеше цела ноќ. Прво беше одобрено, па повлечено, па повторно беше повлечена визата, па бев слободен четири дена и тренирав. Ова не беа вообичаените денови за тренирање што вообичаено ги имав пред Грен слем, хеликоптер леташе над арената Род Лејвер за време на секој тренинг. Камерите беа насекаде, се исповедал Новак.

Тенисерот откри и што му предизвикувало голема болка.

-Колегите. Многу ме болеше, ја почувствував таа енергија, ставовите на колегите, луѓето кои се наоѓаа во зградата. Разбрав дека имаат перцепција врз основа на она што го гледаат од медиумите и не излегов во јавноста затоа што кажав порано ја почитувам законската процедура и Австралија Опен, потенцира Ѓоковиќ во интервјуто.

Слични содржини