Ѓоковиќ: Ова беше тажен ден, едноставно не ми се играше

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ го претрпе еден од најболните порази во кариерата, губејќи од светскиот рекет број 42 Лоренцо Сонега со 6-2, 6-1. По натпреварот, тој изјавил дека „денес е тажен ден за православието“ поради смртта на митрополитот Амфилохије и дека едноставно „не му се играло“.

„Многу тажен ден за православието. Амфилохије беше голем борец за православието и некој што беше ѕвезда водилка во Српската православна црква и со српскиот народ во Црна Гора. Имав можност да го запознаам и да поминам извесно време со него и да ја почувствувам неверојатната енергија што ја поседуваше. Иако тој повеќе не е физички меѓу нас, тој ќе биде меѓу нас духовно многу години и му должиме толку многу да го паметиме, да го споменуваме со насмевка и да му бидеме благодарни за сè што направи, особено во последно време. Тој беше храбар кога тие работи се случија во врска со Српската православна црква и им покажа на луѓето како се зачувуваат културното наследство и нашето духовно наследство“, рекол Новак на прес-конференција, пренесуваат српските медиуми.

Новинарите исто така се интересираа колку тажните вести влијае на неговата игра денес.

„Не ми се играше, но не толку што за да не играм поради тоа. Во принцип, не ми се допаѓаше да играм, само дојдов да го работам она за што дојдов овде. Сега се враќам во Србија за да бидам со моето семејство и да се подготвам што е можно подобро за Лондон“, изјавил Ѓоковиќ.

Слични содржини