Ѓоковиќ по осми пат во финалето на Вимблдон, таму го чека Кирјос

од Nikola Popovski

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата стигна до финалето на Вимблдон.

Третиот светски играч во полуфиналето на третиот сезонски Грен слем турнир го победи домашниот претставник, 12. светски играч Камерон Нори со 3-1 во сетови 2:6, 6:3, 6:2, 6:4 за два часа и 35 минути игра и в недела ќе се сретне со Ник Кирјос за седмата титула во Лондон.

Австралиецот без борба стигна до првото Грен слем финале по повлекувањето на Рафаел Надал, додека Новак ќе игра за 21. трофеј, четврти по ред, или вкупно седми во главниот град на Англија. Во Опен ерата, само Роџер Федерер (8) и Пит Сампрас (7) имаат повеќе титули од Србите.

35-годишниот белграѓанец во недела ќе го игра 32. Грен слем финале во кариерата, што е историски рекорд. Неверојатен е и податокот дека Ѓоковиќ има серија од 27 победи на Вимблдон.

Слични содржини