Ѓоковиќ: Подготвен сум и физички и ментално

од Vladimir Zorba

Првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, започнува во Мелбурн, а најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за трофејот – деветти на турнирот, вкупно 18-ти на грен слем турнирите.

Прв ривал на Србинот ќе биде Французинот Џереми Шарди, против кого има меѓусебен резултат 13:0.

„Подготвен сум и физички и ментално. Уживам на теренот, Род Лејвер Арената е моето омилено место, моето најуспешно поле во кариерата и сите претходни добри искуства ми даваат дополнителна мотивација и самодоверба, па едвај чекам да почнам. Два сингл и два натпревари во двојки. Имав одлична подготовка на АТП-купот, јас веќе ги активирав моторите и се радувам на нов предизвик“, рече светскиот рекет број 1 и бранител на титулата на официјалната прес-конференција.

Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Шарди треба да започне во понеделник околу 11 часот по наше време.

Австралија опен трае до 21 февруари.

Слични содржини