Ѓоковиќ повторно остана без олимписко злато

од Stefanija Kuzmanovska

Александар Зверев, петтиот тенисер во светот и Карен Хачанов, 25-от играч на АТП-ранг-листата, ќе играат во ФИНАЛЕТО на олимпискиот тениски турнир.

Големо изненадување направи Зверев, кој во полуфиналето го исфрли водечкиот светски тенисер и најголем фаворит за титулата, Новак Ѓоковиќ, од борбата за златото. Заврши 1:6, 6:3, 6:1 за Германецот.

Ѓоковиќ, кој ја освои олимписката бронза во 2008 година, ќе има можност да го повтори тој резултат.

Инаку, со оваа победа, Зверев ја прекина серијата од пет последователни порази од Ѓоковиќ и го намали билансот на 3:6.

Тој досега играше четири пати против Хачанов, а скорот е изедначен на 2: 2.

Слични содржини