Ѓоковиќ предводел „таен состанок“ со Американците, поставен ултиматум

од Stefanija Kuzmanovska

Тениската асоцијација на САД, АТП и најдобрите играчи на светот одржаа непријатна средба, пишува шпанската „Марка“.

Реномираниот весник наведува дека тие организации се состанале со играчите за да разговараат за судбината на УС Опен и Синсинати Мастерс.

Синсинати Мастерс е преместен во Њујорк и е закажан за 22 август, по чив завршеток треба да започне УС Опен.

Веќе некое време играчите бараат американската тениска асоцијација да се осигура дека тие нема да треба да поминат задолжителен карантин при нивното враќање во Европа.

Се очекуваше да биде „завршена работа“, но неодамнешното откажување на Мастерсот во Мадрид, доведе до несигурност.

„Марка“ пишува дека Топ 20-те играчи, предводени од Новак Ѓоковиќ, минатиот викенд им претставиле јасен став на главните организации – доколку има карантин по враќањето во Европа, никој нема да дојде на УС Опен.

Тоа беше условот на споменатиот „таен состанок“ во кој сите 20 играчи би се повлеколе од турнирот доколку не се исполни таа точка.

Исто така, проблем предизвика и промена на правилата дека играчот ќе биде елиминиран од турнирот доколку некој од неговиот тим е позитивен за коронавирус.

Слични содржини