Ѓоковиќ против Шаповалов за седмо „Вимблдон“ финале

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ ќе се бори против Денис Шаповалов за неговото седмо финале на „Вимблдон“ и можноста да го освои неофицијалното светско првенство по трет пат по ред.

Канаѓанецот спаѓа во групата тенисери од помладата генерација, има само 22 години и најголемиот успех во кариерата го постигна (првото полуфинале на Гренд слем турнир) со победа над Карен Качанов од Русија – 3:2, во сетови 6:4, 3:6, 5:7, 6:1, 6:4.

Србинот досега се сретна со Денис Шаповалов шест пати и го доби на сите шест натпревари. Четири пати со максимален резултат. Тие играа само еднаш на Гренд слем турнирите, тоа беше во Австралија во 2019 година и тогаш беше 3:1 за српскиот ас.

Полуфиналето на Вимблдон е закажано за во петок.

Слични содржини