Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Индијан Велс

од Nikola Popovski

Вториот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ нема да може да атакува на нови поени, бидејќи се повлече од турнирот во Индијан Велс.

Познато е и кој тенисер го зазеде неговото место во главната ждрепка. Станува збор за Григор Димитров, како што пренесуваат неколку познати тениски новинари.

Ваквиот епилог беше очекуван, бидејќи Ѓоковиќ не е вакциниран против коронавирус.

И покрај тоа, Новак се најде на ждрепката и остана во неа до последен момент кога беше објавено дека нема да игра.

Слични содржини