Ѓоковиќ се шегува со Надал

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ се пошегува со еден од големите ривали Рафаел Надал по повод фактот дека и двајцата во моментов се опоравуваат од повреди.

Ноле претрпе минимална оперативна интервенција на лактот, а пак матадорот мораше да се откаже за време на четвртфиналето од Австралија Опен против Марин Чилиќ, поради болки во бутот.

Ѓоковиќ објави снимка од познатото финале во 2012-та во Мелбурн, кога седеа на столчиња за време на доделувањето, бидејќи дуелот меѓу нив траеше речиси 6 часа.

„Ништо чудно што ни треба одмор сега“, напиша Србинот, а Шпанецот одговори: „Ноле, ништо чудно. Благодарам што размислуваш за мене, тоа беше тешко. Се надевам дека ќе се опоравиш и ќе се видиме наскоро повторно на теренот. Уживај во времето поминато со своето семејство“.

No wonder we need rehab now ?? @rafaelnadal ? @espn

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Слични содржини