Ѓоковиќ со чашка ракија на разговор со митрополитот Јоаникије (ФОТО)

од Nikola Popovski

По преживеаната драма во Австралија, Новак Ѓоковиќ се обидува да го најде својот мир и да одмори од се, а за тоа време заминал во Црна Гора, каде по Тиват го посетил манастирот Острог.

Таму имал можност да се сретне со митрополитот Јоаникије, при што бил снимен еден момент од нивниот разговор.

На сликата се гледа како Новак нешто му објаснува на Јоаникије, ко  внимателно го слуша додека покрај нив стои чашка ракија и вода.

„Понекогаш и на најдобрите им треба само некој да ги слуша“, стои во описот на фотографијата на најдобриот тенисер на светот и митрополитот.

Најдобриот светски тенисер од Митрополитот на подарок доби и икона на свети Василиј Острошки, чии мошти се чуваат во Острог.

Новак им се поклони на моштите на свети Василиј Чудотворец, а по посетата на манастирските светилишта, во манастирската трпезарија разговараше со митрополитот и со братството на манастирот.

Многумина ја искористија посетата на Ѓоковиќ за да се сликаат со него и да ги споделат на социјалните мрежи.

За време на престојот во манастирот Острог, Новак дел од своето време го поминал и кај јеромонахот Палибрк.

Очигледно било дека Ѓоковиќ било добро расположен на гостувањето.

Новак изјавил и дека нема да ја соопшти целата ситуација се до крајот на Австралија опен, односно на 30 јануари.

Слични содржини