Ѓоковиќ: Тешко ми е да разберам што правам

од Vladimir Zorba

НОВАК ЃОКОВИЌ влезе во своето 54. Мастерс финале и денеска од 15 часот ќе игра против Даниил Медведев. Ѓоковиќ со вчерашната победа против Хуркач по седми пат во кариерата го обезбеди првото место на крајот од сезоната. Така го престигна Пит Сампрас и влезе во историјата на тенисот.

„Тоа е големо достигнување. Многу сум горд. Мило ми е што повторно добив шанса. Успеав да го престигнам мојот идол од детството, Пит Сампрас. Тоа е неверојатно“.

Во седмиот гем од третиот сет некој гласно ја прослави двојната грешка на Ѓоковиќ на трибините.

„Гледате, тоа се случува. Ова е натпревар со висок интензитет и публиката секогаш ќе ги поддржува двајцата. Во жарот на битката, се може да се случи. Навивачите ќе бидат вклучени. Тоа не ми пречеше мене, тоа не не ме допре, ниту прв, ниту последен пат. Тешко е кога публиката е против тебе, но не ми е гајле. Сум бил од двете страни во тие ситуации“.

Се врати по пауза од седум недели.

„Не бев загрижен, се одморав и уживав. Поминав време со семејството и во мојот тениски центар во Србија. Имам многу работа таму и ми треба многу време. Не ми беше досадно без тенис, но тука едвај чекав да дојдам и целта ми е да го потврдам првото место на крајот на годината. Сега кога го направив тоа, полесно ми е. Тешко ми е да разберам што се правам и колкави се овие успеси затоа што сè уште играм. Веројатно ќе разберам кога ќе се пензионирам. Немам време да се радувам“, истакна Србинот.

Слични содржини