Ѓоковиќ: Уморен сум од бркање рекорди, психички и емоционално

од Vladimir Zorba

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е подготвен за напад на завршниот Мастерс годинава, во Торино, кој започнува на 14 ноември.

Ѓоковиќ пред медиумите зборуваше за очекувањата во Торино, и за неговата подготвеност за овој турнир.

– Мислам дека сум посвеж бидејќи немам одиграно толку турнири како претходните години, но имав неколку исцрпувачки натпревари, особено на Гренд слемовите. Мислам дека не сум само физички исцрпен, туку ментално и емоционално, поради притисокот што го имав, да стигнам до тој историски ефект. Тоа ме измори многу, па почувствував дека ми треба одмор, да се регенерирам, да се обидам да се подготвам за силен финиш на годината, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот ас се надева дека титулата во Париз може да биде добра најава за она што следува во Италија, а го прокоментира и фактот што го освои последниот Мастерс во 2015 година.

– Можеби тоа беше поради потрошената енергија во текот на сезоната. Загубив неколку тесни натпревари, како оној против Доминик Тим во тај-брејкот во полуфиналето. Се работи за играње на највисоко ниво против осумте најдобри на секој натпревар. Тоа е силен интензитет, силно барање од вас да бидете најдобри. Се бараат четири или пет меча за да се освои турнирот, сите играат со секого, објасни Ѓоковиќ.

Слични содржини