Ѓоковиќ: Ужасно играв!

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, претрпе шокантен пораз во второто коло на турнирот во Монте Карло.

Српскиот играч е поразен од Британецот Даниел Еванс, во два сета, со 6:4, 7:5.

„Тој беше подобар, играше поквалитетно во решавачките моменти. Се чувствував ужасно на теренот, не можев да сторам ништо. Тоа е еден од тие денови …“, рече Ѓоковиќ.

Новак не личел на себе и само во одредени моменти се чинело дека може да ја покаже својата стара игра.

„Очигледно, морам да работам понапорно и да постигнам подобар резултат следната недела во Белград“.

Временските услови во Монте Карло не биле идеални, дувало ветер и било студено, но Ѓоковиќ не бара алиби во тоа.

„Без оглед на сè, морав да играм подобро. Не се сеќавам дека сум одиграл полошо од денес “, заклучил српскиот тенисер.

Нов предизвик за него ќе следи во понеделник, каде ќе учествува на турнирот во Белград – Србија опен.

Слични содржини