Гол истрча на теренот и го прекина мечот на Гранада и Јунајтед! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Натпреварот помеѓу Гранада и Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лигата на Европа беше прекинат во петтата минута поради бизарна причина.

Имено, еден егзибиционист истрча на теренот целосно гол. Тој се смееше и ги рашири рацете додека играчите на теренот гледаа зачудено.

Интересно е и тоа што егзибиционистот, кој постигна гол, успеа да се пробие на теренот, иако натпреварот се игра без публика поради опасност од ширење на коронавирусот.

loading...

Слични содржини