Голден стејт падна на последното место на табелата во НБА лигата

од Vladimir Zorba

После поразот од Оклахома сити тандер, екипата на Голден стејт вориорс падна на последното место на табелата во кошаркарската НБА лига, со биланс од две победи и осум порази.

Заминувањето на Дурант и повредите на Кари и Томпсон, се покажаа како кобни за овој тим, па како што тргнале, шампионите на Западот од минатата сезона најверојатно нема да стигнат ниту до плејофот, и ќе учествуваат во драфт лотаријата, нешто што не им се случило од 2012 година наваму.

Лука Дончиќ од Далас маверикс го пропушти својот петти трипл-дабл сезонава, и тоа затоа што воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл, а една асистенција му фалеше на Џејмс Харден од Хјустон рокетс за трипл-дабл, но и тој е задоволен од победата на тимот и неговите натпросечни 42 поени.

Резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 110:115
Чикаго – Хјустон 94:117
Мемфис – Далас 122:138
Оклахома сити – Голден стејт 114:108
Сан Антонио – Бостон 115:135.

Слични содржини