Голем број сопственици на електрични автомобили ќе им се вратат на автомобилите на бензин и дизел!?

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Новите истражувања покажуваат дека три од десет сопственици на електрични автомобили во светот ќе се вратат на мотори со внатрешно согорување.

Според истражувањето на McKinsey&Co., причината се проблемите со полнењето, високите трошоци за сопственост и долгите патувања каде возачите се соочуваат со бројни тешкотии. Во САД таа бројка е неверојатни 46 отсто, а на светско ниво 29 отсто. Претходните истражувања покажаа значително помали бројки, според „ХАК“.

– Не го очекував тоа. Мислев дека кога еднаш ќе купите електрично возило, секогаш останувате купувач на електричен автомобил – вели Филип Кемпшоф, раководител на Центарот за идна мобилност на McKinsey за Automotive News.

Мекинзи тврди дека ставовите на потрошувачите се промениле. Ова, меѓу другото, се должи на критичкото покривање на Tesla и многуте негативни вести за Илон Маск.

Помладите луѓе најверојатно ќе се вратат на автомобилите со внатрешно согорување. Секако, треба да се земе предвид дека технологијата на електрична мобилност постојано напредува и дека ставовите на возачите секако ќе се менуваат во иднина.

Слични содржини