Голем геј-скандал во Руската православна црква: Двајца епископи пред црковен суд – „Западот нé мести“ (фото+видео)

од Nikola Popovski

По решение на Московскиот Патријарх и цела Русија, епископите армавирско-лабински Игњат Бузин и костомукшко-кемски Игњат Терасов се отстранети од управување во своите епархии и ќе бидат изведени на црквен суд, соопштено е на официјалната веб страница на Руската православна црква.

Тие веќе нема да управуваат со своите епархии и ќе бидат изведени пред црковниот суд.

Како што беше објавено на официјалната веб-страница на Руската православна црква, ќе им се суди за „примени пораки со документирани обвиненија против споменатите архиепископи за црковни кривични дела“.

Сепак, решението на патријархот не содржи информации за конкретни престапи.

Руските медиуми уште на почетокот на овој месец објавиле, а овие дена се прошириле и голем број „пикантни“ писма и фотографии за начинот на живот на двајцата епископи.

Епископоро армивирско-лабински Игњатиј Бузин наводно е фотографиран за време на хомосексуален однос.

Меѓу објавените материјали се наоѓаат и наводни докази и за геј активности на епископот костомукшко-кемски Игњатиј Тарасов, но и блиски соработници од неговата епархија.

Во 2017 година на социјаната мрежа „Одноклассники“ објавени биле и детални сведочења, поткрепени со зкандалозни фотографии, на поранешни пријатели на Игњатиј и свештеникот Алексиј.

Епископот Игњатиј Тарасов во обраќањето, кое го објавил на Јутјуб, ги негира обвиненијата нарекувајќи ги „многу суптилен, софистициран начин на борба против Црквата“.

Тој рече дека слични обвинувања биле упатени и кон други архијереи, а во исто време го нападна Западот, кој, како што тврди, „совршено сфаќа дека Руската црква е единствената консолидирачка сила во Русија“.

Слични содржини