Голем гест на Роналдо за редарката што ја нокаутираше пред натпреварот

од Vladimir Zorba

Каде и да се појави, Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието, а така беше и на натпреварот на Манчестер Јунајтед во Берн против Јанг Бојс. Роналдо повторно погоди, но тоа не му помогна на неговиот тим, кој остана без бодови откако Арон ван Бисака доби црвен картон во првото полувреме.

Меѓутоа, Роналдо овој пат не беше во центарот на вниманието поради голот, туку затоа што собори редарка во несвест за време на загревањето, којаја удри случајно кога вежбаше удари пред натпреварот.

Веднаш, Португалецот се приближи да види дали е се во ред со жената, и откако таа се освести, Роналдо направи гест за неа што ќе го памети до крајот на животот, а таа исто така доби спомен за сите време.

Роналдо и подари дрес, кој сигурно ќе има голема симболичка вредност, а по целиот настан, редаркатагордо позираше со споменот што го доби со насмевка на лицето.

Слични содржини