Голем пех за Бруклин Нетс: Ирвинг ја заврши сезоната

од Nikola Popovski

Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг ја заврши сезоната поради повреда на рамото.

Кајри веќе има пропуштено повеќе од половина од натпреварите поради повреди и сега ќе мора да биде подложен на операција, што ќе го отстрани од паркетот до почетокот на следната сезона.

Заедно со генералниот менаџер и тим од специјалисти, тој реши да оди операција за рамото, иако првично донесе одлука во јануари да ја одложи операцијата.

Ирвинг има одиграно само 20 натпревари оваа сезона и е во просек од 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции.

Бруклин Нетс во моментот се на седмото место во Источната конференција.

Нетси нема многу шанси да направи нешто значајно во плеј-офот, па оваа одлука може да биде добра, со оглед дека тој ќе биде 100% подготвен за почетокот на следната сезона, како и Кевин Дурент.

Слични содржини