Голем пожар избувна на островот Паг, клубовите ги евакуираа гостите (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Вечерва околу 3 часот покрај плажата Зрче на островот Паг избувна пожар.

Членови на ДВД Новаља се на терен, а на својот Фејсбук профил објавија и видео од гаснењето на пожарот.

Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот не е ставен под контрола и на помош пристигнал канадер.

Новинар на порталот Požeški.hr случајно се нашол во Зрче и известил дека невремето кое не застанало цела ноќ го отежнало гаснењето.

Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги насочиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси возилата за што побрзо да се оддалечат од плажата.

Поради пожарот во прекин е сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља.

Слични содржини