39
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека упатил барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112 за голем шумски пожар што гори од десната страна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин (ГП) Блаце, пред тунелот.
Градоначалникот на Општина Чучер Сандево го пријавил пожарот на бројот за итни повици 112.
Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што екипите на Бригадата за противпожарна заштита што се веќе пристигнати не се во можност да интервенираат по земја.
Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.
Воздухопловот е во фаза на техничка подготовка и се очекува наскоро да полета.