Голем пожар во Белград: Неколку лица се повредени, едно потешко

од Stefanija Kuzmanovska

Голем пожар избувна денес на Зелениот венец во Поп Лукина 15, дознава „Телеграф.рс“.

Како што пренесуваат српските медиуми, неколку лица биле повредени, од кои едно потешко. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар на реанимација.

Пожарот избувнал во станот во кој живее постар брачен пар.

На лице место се испратени две екипи на брза помош, а на терен се 21 пожарникар.

Слични содржини