Голем пожар во Карбинци, две лица со инвалидитет спасени во последен момент

од Nikola Popovski

Попладнево се случил голем пожар во атарот на општина Карбинци, при што двајца инвалиди во последен момент извадени од куќа во пламен. Изгорени се две викенд куќи, објект на шумско стопанство, препумпни станици за водовод за неколку села и фотоволтаична централа.

-Три лица од кои двајца тешки инвалиди во последен момент се спасени од запалена куќа во Карбинци, по големиот пожар кој доцна попладнево ја зафати оваа општина…, објави ТВ Стар.

Претходно, градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, за МИА изјави дека месното население им помага на штипските пожарникари, кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Не се знае точно што е причината за овој голем пожар.

Причината за пожарот се уште не се знае, но според населението велат дека можно е да станува збор за проблеми со електричната струја во една од вилите, од каде е и започнат пожарот.

Слични содржини