Голем пожар во Сараево, изгореа неколку куќи (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Пожар избувна рано утрово во сараевската населба Буча Поток. Штетата од пожарот е огромна, а според фотографиите од воздух се гледа дека огнот проголтал сѐ. Покривите се изгорени во целост, а пожарникарите успеале да спречат пожарот да продолжи да се шири.

Жителите на опожарените куќи се сомневаат дека причина за пожарот е старата електрична инсталација.

Пожарот е локализиран и ставен под контрола.

Слични содржини