ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАФАТИ ОБЈЕКТ НА ГИГАНТОТ ХУАВЕЈ: Пламенот беснеел во близина на местото каде се истражуваат антени за 5Г мрежи (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Пожарот, кој избувна денес во објектот што му припаѓал на кинескиот технолошки гигант Хуавеј во градот Донггуан, бил изгаснат и никој не загинал, објавија локалните власти.

Огнот зафатил челична конструкција во изградба, која се наоѓала во близина на истражувачката лабораторија Хуавеј и која не била користена за време на инцидентот.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое наводно се гледа голем облак од темно сив чад кој се издига над лабораторијата за истражување на Хуавеј.

Противпожарната служба порано денес објави дека гори памук што апсорбира звук.

Кинеските државни медиуми објавија дека пожарот избувнал во истражувачката лабораторија на Хуавеј. Хуавеј не одговори на барањето за коментар.

Лабораторијата главно истражува материјали и тестира антени за 4G и 5G мрежи, поврзани со деловната активност на базните станици на Хуавеј, тврди Ројтерс, повикувајќи се на извор запознат со ова прашање.

Слични содржини