Голем шумски пожар над Кочани

од Vladimir Zorba

Попладнево околу 16 часот избувна голем шумски пожар во подножјето на Осоговските Планини, на околу еден километар над Кочани.

Огнот зафати борова шума на површина од околу 10 хектари, а помогнат од силниот ветер брзо се шири во правец на градот и најверојатно ќе зафати поголема шумска површина.

– На терен се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои со две возила и четири пожарникари се обидуваат да го контролираат ширењето на огнот. Истовремено нашите колеги интервенираат на пожар кај селото Бања во општина ЧешиновоОблешево и единицата не е комплетна за интервенцијата во Кочани. Поради тоа ги повикавме и колегите од Штип и Виница, истакна Благој Паунов, команир на ТППЕ – Кочани.

Првичните сознанија укажуваат дека пожарот е предизвикан од удар на гром, а сувата вегетација.дополнително придонесува за неговото брзо
ширење.

На истата локација имаше пожар и пред една седмица, при што изгоре шума на површина од 10 хектари.

Слични содржини