ГОЛЕМ СКАНДАЛ во тенисот: Суспензија од 8 години за Лопез поради местење натпревари

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Енрике Лопез (29) беше суспендиран на осум години поради местење на натпревари во 2017 година.

Единицата за интегритет во тенисот објави дека Лопез не може да игра или да присуствува на кој било официјален турнир за време на суспензијата.

Тој исто така беше казнет со 25.000 американски долари.

Како што се наведува, докажани се три обвиненија за местење натпревари, а две не. Не е наведено за кои натпревари и турнири станува збор.

29-годишниот Лопез го постигна најдобриот пласман во кариерата во 2018 година, кога беше 154-ти играч во сингл на АТП-листата.

Неговиот најдобар пласман во двојки е 135-то место.

Слични содржини